Пред неколку дена во сообраќај се пуштени првите автономни автобуси на виенското претпријатие за јавен превоз „Wiener Linien“. Во автоматски мод, автобусите може да се движат со брзина од 20 km/h, а неговото максимално време на работа изнесува девет часа. Новите автономни автобуси на електричен погон с едел од проектот во кој биле вклучени Австриското министерство за сообраќај, Wiener Linien, Австрискиот технолошки институт (AIT), Организацијата за сигурност во сообраќајот (KFV), TÜV Австрија, Siemens AG Österreich, како и францускиот производител на автобуси Navya. Целта на проектот била да се воведе автобуска линија со автобуси без возач, во новозиградениот кварт на градот Seestadt Aspern, кој е проектиран и изведен со сите карактеристики на паметен град.
Двата нови автобуси најпрво биле цели две години тестирани без патници, а во почетокот на јуни 2019 конечно започнува превозот на првите патници. Линијата опфаќа 10 станици, а возењето е бесплатно. Поради сигурносни причини, патниците можат да се превезуваат исклучиво во седечка положба. Класичен ред на возење не е зададаен, но патниците во секој момент можат да се информираат за актуелното движење на автобусите преку QR код, или интернет страниците на виенското претпријатие. Во производството на автономните автобуси вложени се 1,5 милиони евра.