Париз неодамна откри нов урбанистички проект за голем парк, кој е потпишан од страна на британската фирма Gustafson Porter + Bowman, а кој треба да го надополни делот околу Ајфеловата кула.
Вкупната површина на паркот ќе биде околу 40 хектари, а за негова реализација ќе бидат потребни околу 72 милиони евра. Се планира паркот да биде отворен до 2024 година, односно до почетокот на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз таа година.
Со оглед на фактот дека годишно Ајфеловата кула ја посетуваат повеќе од 30 милиони луѓе неизбежно е дека самиот објект и неговата непосредна околина го носат товарот на својата популарност.
“Бев вџашена од состојбата на локацијата и тоа дека просторот не е адекватно опремен и прилагоден на приливот на пешаци и посетители. Мораме добро да го осмислиме овој простор“, вели Кетрин Густафсон, еден од основачите и партнерите во Gustafson Porter + Bowman.
Долгиот „зелен удар“ ќе биде меѓу полињата Тротер и Марс. Според планот, мостот Јена кој ќе го поврзува десниот и левиот брег на градот, исто така, ќе се трансформира и ќе стане ексклузивен пешачки мост. Ширум новата локација ќе биде организирано мноштво од визуелно и наменски различни зони.