Општина Центар продолжи со уривање на дивите тераси на кафе – баровите. Денеска работници ангажирани од Општината во присуство на полиција, почнаа да ги уриваат терасите на улицата „Ленинова“. Иако вчера имало најава дека сопствениците сами ќе ги урнат нелегалните градби, тоа не го сториле сите, па затоа интервенира Општината.
На улицата „Ленинова“ има неколку нелегални тераси и од Општината велат дека една по една ќе се уриваат.
Општината има издадено решенија за уривање на 16 летни тераси на кафулиња. Акцијата почна вчера со уривање на терасата на новата кафеана „Шпаиз“ на аголот на Боемска улица и „Орце Николов“.
фото: КИРО ПОПОВ