Проектот потекнува од идејата за креирање на објект со мобилна метална рамковна конструкција, способна да ги издржи вештачките бранови за сурфање, надополнет со фунционална програма која истовремено опслужува тоалети, соблекувални, ресторан и администрација. Објектот се наоѓа во комерцијален дистрикт во Гвадалахара, Мексико.
Центарот за сурфање е организиран на таков начин што сите пропратни содржини се нижат по периметарот и имаат визуелен пристап за набљудување на главната атракција – салата со вештачки бранови. Природното осветлување е овозможено преку отворање на атриум, кој е исто така визуелно пристапен од секое катче на внатрешноста. Салата со вештачки бранови е изведена со двојна висина, а нејзината кровна покривка има можност за склопување за да се обезбеди максимален степен на симулација на реалната природна атмосфера.