Непалските алпинисти во текот на неодамнешното масовно чистење на највисоката светска планина пронашле четири човечки тела и 11 тони отпад кој во текот на изминатите години се оставал на Монт Еверест од бројните експедиции. Алпинистите посведочиле дека падините на планината биле полни со искористени боци со кислород, искинати шатори, јажиња, и меѓу останатото огромен број лименки, што е поразително за земјата која огромен дел од своите приходи остварува од експедициите на Еверест.
Отпадот и телата на некои од вкупно 300 планинари кои засекогаш завршиле на Монт Еверест, стануваат видливи дури со почетокот на летото, односно со топењето на снеговите.