Насловна / Вести / Во Германија пуштена во употреба првата делница од велосипедскиот автопат

Во Германија пуштена во употреба првата делница од велосипедскиот автопат

Во германската покраина Хесен пуштена е во употреба првата делница од велосипедскиот автопат.

Делницата е долга само четири километри и широка четири метри, но сообраќајните експерти и политичарите ја сметаат за пресврт во сообраќајот.

hesen

Автопатот наменет само за велосипеди ќе се гради до 2022 година и ќе биде долг 30 километри. Преку овој автопат ќе се поврзат Франкфурт и Дармштат. Оваа инвестиција ќе чини 43 милиони евра.
Според истражувањата кои биле направени во рамките на овој проект, во покраината Хесен се наоѓаат 42 коридори кои би биле погодни за изградба на велосипедски автопати.

Испрати коментар

Scroll To Top