За над 200 најголеми светски компании кои се на берзата, се предвидува дека климатските промени би можеле да ги чинат вкупно 970 милијарди долари. Ова е заклучок од извештајот кој е направен врз основа на истражувања и упатува на фактот дека многу компании и натаму ја потценуваат опасноста од климатските промени, додека научниците предупредуваат дека доколку не се презвемат радикални чекори катастрофата е блиску.
Поголемиот дел од трошоците се очекуваат во следните пет години, стои во извештајот објавен од страна на непрофитната организација CDP (Carbon Disclosure Project). CDP е формиран на почетокот на 2000-тите и ужива голем углед во растечката коалиција на активистички групи, фондови, па и политичари кои веруваат дека глобалното затоплување претставува системски ризик за глобалните финансии. Извештајот анализира податоци за 215 најголеми компании, од Apple и Microsoft, до Unilever, UBS, Sony и други.
Компаниите ги очекуваат вкупно 970 милијарди долари дополнителни трошоци поради фактори како покачени температури, хаотични временски прилики и цените на емисиите на стакленички гасови. Одприлика половина од овие трошоци се сметаат за „веројатни, до речиси извесни“.