Тенискиот грен слем турнир Ролан Гарос е еден од најпрестижните турнири во светот. Но, освен квалитетот на учесниците, бројната пубика и високиот награден фонд, овој турнир исклучително се грижи и за заштитата на животната средина. На 12ти јануари 2017 година, Ролан Гарос направи листа од 15 обврзувачки цели за заштита на животната средина кои се развиени во соработка со француското Министерство за спорт и Светскиот фонд за заштита на природата – WWF (World Wildlife Fund).
Француската тениска федерација (FFT), исто така е поборник за намалување на негативното влијание на овој спорт врз животната средина, а како резултат на таа посветеност во 2014 година, Ролан Гарос станува првиот француски спортски настан со сертификат ISO 20121.
Две години подоцна, францускиот грен слем оди еден чекор понатамуво следењето на одржливоста, со воведување на 15 цели вклопени во Поглавјето за животна средина на организаторите на спортски настани во Франција.
Овие 15 цели се наведени подолу, заедно со таргетите кои треба да бидат остварени до 2020 година:
- Минимум 50% одржлива храна (50% од набавките на храната мора да бидат во согласност со препораките на Светскиот фонд за заштита на природата – WWF, односно ќе бидат достапен 100% сертифициран сезонски кетеринг, со предност на локални и регионални снабдувачи)
- Минимум 80% од патувањата да се вршат со активна мобилност, јавен превоз или car sharing
- 80% од набавките да бидат направени со користење на CSR критериуми за избор (овие критериуми мора да бидат дефинирани од страна на спонзорот и истите имаат значително влијание врз изборот на добавувачите.)
- 25% намалување на отпадот и 60% реупотреба или рециклирање на отпадот
- 100% почитување на природните добра
- Регулација и оптимирање на 100% од потрошувачката на енергија и вода
- Најмалку една „еколошки одговорна“ иновација по турнир
- Номинација на најмалку еден или повеќе спортисти по настан, како амбасадори за еколошка одговорност.
- 100% достапност на терените за лицата со попреченост
- 100% признанија за волонтерите
- Најмалку една посветеност за придонес кон некоја добра цел (солидарни фондови и сл.)
- Најмалку една иницијатива посветена на промовирање на вработување на еднаков број мажи и жени на одговорни позиции
- Еден референт за одржлив развој во непосредна соработка со главниот меннаџмент
- Најмалку една иницијатива или еден план за подигање на свеста во врска со одржливиот развој.