Утре од 19 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на графики од Графичката ликовна колонија од Македонски Брод. На изложбата ќе бидат изложени 30 графики.
На изложбата ќе бидат претставени дела на учесниците на минатогодишната колонија како Лина Тренкоска, Верче Николоска, Александар Тасески, Славко Тренкоски, Ридван Алити, Мариа Минева, Елена Мирчева, Силвана Спасиќ, Јасна Дамњановиќ, Богдан Ѓориќ и Срѓан Симиќ. Ликовната графичка колонија од Пешна – Македонски Брод се одржува од 1996 година, со цел афирмација на дрворезот, графиката и на самите уметници.
Досега имаат учествувано уметници од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Канада и Америка, а изработени се над 400 графики.