Насловна / Архитектура / Документарен филм за славниот архитекта Паладио и неговото влијание на архитектурата (видео)

Документарен филм за славниот архитекта Паладио и неговото влијание на архитектурата (видео)

Снимен е документарен филм за славниот архитекта Андреа Паладио. Иако првичните званични најави се за проекции во Италија, овој документарец ќе се гледа ширум светот. Филмот за Паладио ќе биде прикажан во 70 земји, а да се надеваме дека ќе се прикажува и кај нас.
Документарниот филм за славниот архитекта го режирал Giacomo Gatti во соработка со коавторот Gregorio Carboni Maestri. Филмот со симболичен наслов „Паладио“, трае 97 минути и говори за овој голем архитекта од Падова низ разговори со Kenneth Frampton и Peter Eisenman, кои се големи почитувачи на неговото дело.

паладио4
Наместо текот на приказната да го води линеарно, Gatti одлучил да креира филм движејќи се од кратки снимки на класичните паладиевски вили, преку разговори со научниците, до разговори со студенти од универзитетите Јеил и Колимбија.
Иако Паладио е италијански архитекта роден во Падова, неговата работа имала толку големо влијание на американската архитектура поради што во 2010 година, Конгресот на САД го прогласил за „татко на американската архитектура”. Меѓутоа низ филмот, студентите покрај за архитектурата, говорат и за влијанието на работата на Андреа Паладио на политичкиот и општествениот живот, комплицираните импликации и симболи на американскиот паладијанизам и врските со ропството и со демократијата низ целата историја на земјата, пишува ArchDaily.

паладио1

Локациите на снимање ја вклучуваат и Villa Malcontenta во италијанскиот регион Veneto, а за филмот „Паладио“ се вели дека се задржува на архитектурата како главна тема. Патувајќи од римските инспирации на Паладио преку доцната ренесанса, филмот ги истражува социјалните и политичките импликации на неговата работа, како и архитектонска анализа на пропорциите и материјалите на зградите.

паладио3

За да го доведе овој историски момент во современ контекст, Gatti се осврнал и на архитектонската конверзација и реалноста на денешното живеење во една типична паладиевска вила.

Андреа Паладио
Андреа Паладио (право име Андреа ди Пјетро 1508 — 1580) бил италијанска доцно ренесансен архитекта и најзначаен архитект на Млетачката република на чија територија проектирал многу вили, цркви и палати, а највеќе во и околу Винченца. Во 1570. година објавил трактат „Четири книги за архитектурата“. Идеите кои ги изнел во ова дело, базирани на класично римски примери, доминирале во европската архитектура во наредните три века. Паладиевскиот стил бил особено популарен во Англија, додека Белата куќа во Вашингтон и имотот Монтичело во Вирџинија се најпрочуени примери на овој стил во САД.

паладио2

Испрати коментар

Scroll To Top