Насловна / Архитектура / Во Скопје стигнаа слики за новиот забавен парк

Во Скопје стигнаа слики за новиот забавен парк

Град Скопје на старата локација ќе изгради нов тематски забавен парк, за кој од градот велат дека ќе биде регионална атракција и дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри.
Автор на студијата за паркот е архитектот за животна средина, Франко Бараѕони, кој дипломирал Архитектура за животна средина во САД и е еден од основачите на компанија Бауса. Компанијата е специјализирана за консултации, планирање, проектирање и надзор на изградбата на тематски паркови, паркови на вода, семејни центри за забава, тематски ресторани, продавници и сѐ што е поврзано со слободно време и забава и има канцеларии во Италија, Саудиска Арабија и Русија.

бауса

Бараѕони и градоначалникот на Скопје ги презентираа содржините на тематскиот парк.

парк1
Во паркот се предвидени три зони, детска, фамилијарна и адреналинска зона, во коишто ќе се постават 24 различни реквизити и содржини.
„Имаме предвидено два ролеркостери. Еден за семејствата и децата, но и еден побрз, за поголема возбуда. Антички коли, и рампи на надувување за лизгање, ќе бидат дел од понудата, бидејќи тие се најбарани во европските забавни паркови“, истакна основачот на Бауса, Франко Бараѕони.

парк2
Бараѕони и компанијата Бауса се донатори на студијата за паркот. Планот, и изведбата сепак ќе чинат и до 11 милиони евра. До сега се потрошени пари за осветлување, управна зграда, и друга инфраструктура, проект кој го најави и започна минатата локална власт, а го прекина сегашниот градоначалник Петре Шилегов, кој сега со полна пареа планира да го доврши долго најавувавниот забавен парк.
Самиот парк ќе се протега на истата површина на околу 26.000 квадратни метри како и досега и нема да се уништува постојното зеленило во Градски парк, а во паркот нема да биде исечено ниту едно дрво за негова изградба. Сите реквизити во паркот ќе се поставуваат, односно лоцираат, според постојните дрвја на парцелата.
Дел од презентацијата можете да ја погледнете тука.

парк3

Испрати коментар

Scroll To Top