Британската енергетска компанија Cuadrilla Resources се соочи со ново одбивање на населението во врска со истражувањата и експлоатацијата на гас од шкрилци. Во Balcombe, село во Западен Сасекс, одржан е референдум на кој мнозинството се изјаснило против продолжувањето на овие активности започнати минатата година. Во јуни 2013-та, компанијата ги потврди првите резерви на гас на оваа локација, но потребни се дополнителни истражувања пред започнување со експлоатација.
Досега не е користена постапката на хидраулично фрактурирање, но сепак населението протестира сметајќи дека актуелните случувања асоцираат на скоро вклучување на оваа постапка , што би било погубно за животната средина.
Извор: UPI