Словенечкиот парламент сериозно го разгледува планот за изградба на 10 нови хидроцентрали во средниот дел на словенечкиот тек на Сава, за кој до крајот на неделата владата конечно треба да се изјасни. Целиот систем би се градел во наредните 20 години, и се проценува дека ќе чини околу 1,5 милијарди евра.
Поединечната моќност на хидроцентралите се движи помеѓу 15 и 68 MW, а вкупното производство се очекува да биде 1.029 GWh годишно. Во рамките на овој проект ќе се работи и на подобрување на системот за заштита од поплави. Новите централи значително ќе влијаат на регулацијата на Сава, а од особена важност е фактот што во потполност ќе се почитуваат сите барања за заштита на животната средина.
Извор: energetika-net