Насловна / Арт и дизајн / По 44 години Марина Абрамовиќ во Белград

По 44 години Марина Абрамовиќ во Белград

Долгоочекуваната ретроспективна изложба „Чистач“ на Марина Абрамовиќ, ќе биде прикажана на домашната и регионалната јавност во Музејот на современа уметност во Белград од 21. септември 2019. до 20 јануари 2020. година. Воедно ова ќе биде единствена прилика публиката да се запознае со најзначајните дела на една од водечките перформанс уметници во нејзиниот роден град, прв пат по 44 години.
„Чистач“ е прва голема европска ретроспектива на работата на Марина, премиерно прикажана 2017. година во Шведска, за потоа поставката да ги посети Данска, Норвешка, Германија, Италија и Полска. Изложбата во Србија претставува последна станица на турнеата и носи посебно значење, бидејќи го симболизира враќањето на уметницата во нејзиниот роден град, каде последен пат самостојно изложувала во далечната 1975. година во Салонот на Музејот на современа уметност.

marina
„Многу се радувам на враќањето дома и претставување на ретроспективата на работата на публиката на овие простори. Желба ми е „Чистач“ пред се да го погледнат младите на кои би сакала да им доловам се што сум направила во изминатите 50 години. Секоја нова генерација, носи некоја нова енергија, која за мене претставува вечна инспирација“, изјавила Марина Абрамовиќ во пресрет на дружењето со овдешната публика.
Поставката хронолошки ги следи сите комплексни фази на педесетгодишната кариера на уметницата – од рани сликарски и коннцептуални дела, преку соло перформанси и заедничката работа со Улај, до култни дела од самостојната кариера на Абрамовиќ. Низ оваа ретроспектива, која пред се има едукативен карактер, публиката ќе може да погледне повеќе од 120 дела (слики, цртежи, објекти, фотографии, аудио и видео дела, филмови, сценографии, реперформанси и архивски материјал), антологиски дела на уметноста на перформансот (серијата Ритам, Lips of Thomas,Транзиција преку ноќно море), како и дела кои го обележаа нејзиниот неодамнешен опус (Балкански барок, Уметникот е присутен).
Дополнително, програмата на изложбата вклучува и проекции на филмови за Марина Абрамовиќ, предавања за уметноста на перформансот, со цел на јавноста да и се доближи нејзиното комплексно творештво, кое вклучува и значајни дела од раната белградска фаза.
Кустоси се Дејан Сретеновиќ (Музеј на современа уметност Белград), Lena Essling (Moderna Museet), Tine Colstrup (Louisiana Museum of Modern Art) и Susanne Kleine (Bundeskunsthalle).

Испрати коментар

Scroll To Top