Rolls-Royce го претстави Champagne Chest ковчегот, кој е луксузен и екстравагантен, токму онолку колку и се очекува од овој бренд.
Опишан како „аксесоар кој ќе ве воодушеви, а кој е погоден за најекстравагантно опкружување – од суперјахти до тераси на приватни резиденции“, ковчегот воодушевува со својот врвен квалитет и изработка, кои дефинитивно одговараат на брендот Rolls Royce.
Ковчегот за шампањ направен е од машински обработен алуминиум и карбон, а прекриен е со висококвалитетна кожа и даб. Дизајнерите на суптилен начин успеале да го вклучат и логото Spirit Of Ecstasy logo во неговиот изглед.
Со притисок на копче, горната, левата и десната страна на ковчегот се отвараат, како би се откриле четири рачно дувани шишиња за шампањ, аранжирани така за да потсетуваат на величенственоста на V12 моторот. Коферот е осветлен во централниот дел кој ги акцентира чашите, кои имаат полирани алуминиумски бази со ПР напис.
Страниците содржат две мрежи за вашиот шампањ по избор, додека горниот капак може да се користи како послужавник. „Champagne Chest by Rolls Royce Motor Cars е современ и модерен додаток на на нашата колекција аксесоари“, вели Gavin Hartli, директорот на Bespoke Design одделот на овој бренд.
„Пристапот кој се користи за дизајнирање на автомобилите Rolls Royce, најфини материјали и врвен инженеринг се применети при креацијата на овој новитет. Наменет е за оние кои сакаат да уживаат во своите најелегантни прилики на возвишен начин“.
Rolls Royce Champagne Chest е достапен за купување во сите продажни салони на Rolls Royce, а чини околу 47.000 долари.