Насловна / Вести / Црна Гора: Поголем дел од малите хидроцентрали одобрени со кршење на законите

Црна Гора: Поголем дел од малите хидроцентрали одобрени со кршење на законите

„За 50 мали хидроцентрали во Црна Гора, потпишани се договори без план за давање концесии за користење на водотеците и без пратечки студии за стратешка проценка на влијанието врз животната средина“. Ова го соопштила за медиумите Наташа Ковачевиќ од невладината организација Green Home. Оваа организација предала петиција до парламентот во Подгорица со која се бара раскинување на сите склучени договори.  „Сите договори склучени до 2016 година може да бидат раскинати поради кршење на Законот за концесии“ вели Ковачевиќ. Петицијата содржи над шест илјади потписи и предадена е во парламентот на 15ти мај.

green home1

Министерката за економија соопштува дека Владата веќе нема да издава нови концесии за изградба на мали хидроцентрали со повластена тарифа, туку дека ќе биде можно само давање на концесии без субвенционирање на производителите. Тоа значи дека тие ќе можат да ја продаваат електричната енергија по пазарни цени. Од друга страна пак, ваквиот став значи дека сите кои досега изградиле мали хидроцентрали, како и оние чија постапка е во тек (вкупно над 50), ќе го задржат статусот на повластен производител и сигурен пласман на енергијата со субвенции на сметка на потрошувачите. Во врска со преиспитувањето на досегашните постапки, се вели дека доколку инвеститорите прекршиле некој закон, тогаш раскинувањето на договорите ќе биде на нивна штета, но доколку виновни се државните институции, тогаш со раскинувањето на договорите, инвеститорите ќе бидат обештетени.

Но, дека Владата нема намера да се откаже од малите хидроцентрали, зборува и фактот што на истата седница усвоила одлука за изработка на студија за локациии за мали хидроцентрали за Штитаричка река кај Мојковац.

green home5

green home4

“Државните институции и стручната јавност мораат да дадат јасна и одржлива рамка за визијата на енергетскиот развој во една еколошка држава каква што е Црна Гора. Досега сме покажале само несериозност, угодување на интересите на енергетските лоби групи и сл., и затоа сметам дека оваа генерација на донесувачи на одлуки не е компетентна и натаму да ги развива овие енергетски потенцијали. Малите хидроцентрали би можеле да бидат корисни во оддалечените села, како дистрибуирани и некомерцијални извори на енергија во сопственост на малите заедници, но во сегашните околности тешко е веќе да се зборува за нивната вистинска намена“ заклучува Ковачевиќ.

green home2

green home3

 

Испрати коментар

Scroll To Top