Изградена на местото на поранешен каменолом, на аголот на националниот парк Brecon, оваа станбена структура изразува максимална елеганција и симплифицираност, ненаметнувајќи се на опкружувањето. Задоволувајќи ги интересите на својот клиент, фотограф, архитектонското студио Hyde + Hyde Architects креирало објект кој ја апсорбира природната светлина и аналогно со перформансите на фотапаратот Obscura, се фокусира на далечни визуелни согледувања на околниот пејзаж. Рефлектирајќи го природното пространство и карактеристиките на стариот каменолом, материјализацијата на објектот е изведена како комбинација од бетон и дрво.