Откако ЛЕД светилките направија сериозен пробив на пазарот како енергетски ефикасна алтернатива на жаречките, па и на CFL изведбите, науката отвара дебата за фототоксичноста на синиот спектар кои тие го емитуваат, а за кои велат дека ја оштетува ретината. Во извештајот спроведен во Франција, се тврди дека светилките кои се повеќе се користат во домовите ширум Европа, „се плеткаат“ и во нашиот биоритам и го нарушуваат квалитетот на сонот.
Француската агенција за безбедност на храна ANSES (L’Agence nationale de sécurité sanitaire de l’alimentation) јавува дека навистина постојат „фототоксични ефекти“ на ЛЕД светилките – долготрајната изложеност на високо интензивното сино светло од такви извори подоцна предизвикува дегенерација на жолтата дамка во окото, а тоа е водечка причина за губење и намалување на квалитетот на видот кај лицата над 50 години.
Но, постојат и разлики помеѓу интензитетот и видот на ЛЕД светилките – т.н „топла бела“ која главно се користи во домаќинствата има пониска „фототоксичност“ од на пример џебните батерии, исклучително штетните автомобилски фарови, па и некои играчки кои содржат интензивни сини светла, односно т.н „ладни сини нијанси“.
Сепак, стручњаците се согласни дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, а секако се препорачува намалување на изложеноста на синото светло.