Насловна / Вести / SMARTER project: Зелени станбени кредити за енергетски поефикасни згради

SMARTER project: Зелени станбени кредити за енергетски поефикасни згради

Многу станбени објекти ширум Европа не се градени во согласност со стандардите за висока енергетска ефикасност. За последица, таа состојба има високи сметки за електрична енергија и греење, како и високи емисии на јаглерод диоксид,  односно изразена енергетска сиромаштија, пониско ниво на комфор, лош квалитет на воздухот, зголемени трошоци за одржување. Проектот SMARTER Finance for Families, кој го спроведува Советот за зелена градба на Романија, осмислен е така да придонесува кон промена на пристапот во однос на енергетската ефикасност на новите згради во Романија.

smarter

Се работи за единствениот проект од југоисточна Европа, кој се пласираше во финалето на натпреварот за ЕУ награди за одржлива енергетика, кој се одржува како дел од Неделата на одржлива енергетика на Европската унија (EUSEW).

Проектот е посебен по тоа што им помага на домаќинствата да го преиспитаат начинот на кој го перцепираат трошокот за купување на станбен простор, така што освен продажната цена, ќе ги земат во предвид и вкупните оперативни месечни трошоци, кои долгорочно зависат од мерките за подобрување на енергетската ефикасност.  Тоа се постигнува така што проектот соработува со банките и градежните компании на зелената сертификација на зградите, и креираат финансиски производ кој ја наградува зелената градба. Банките нудат пониски каматни стапки на зелените станбени кредити. „Креиравме програма за зелена градба и зелени станбени кредити која ги поврзува интересите на банките, градежните фирми, сертификациони тела и купувачи на станови. Ние потврдуваме дека овие проекти ќе донесат корист во вид на значително поефикасни станбени единици“ вели лидерот на проектот Steven Borncamp.

Банките во рамките на програмата нудат пониски каматни стапки на зелените станбени кредити. Ова им овозможува на купувачите да се задолжат на поголеми износи.

smarter3

До почетокот на 2019 година, проектот има потпишано спогодби со 25 инвеститори за изградба на над 6.500 станбени единици во Романија, во склад со строгите зелени стандарди. Сите овие сертифицирани станбени единици се најмалку 30% енергетски поефикасни од најниските стандарди предвидени со категоријата А од Енергетскиот сертификат (пасош) за станбени објекти.

Со помош на финансирањето кое од неодамна е обезбедено од програмата Horizont 2020 на Европската унија, проектот планира ширење на 11 други земји, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Грција, Италија, Ирска, Полска, Словачка, Украина, Грузија и Турција.

smarter2

Испрати коментар

Scroll To Top