Насловна / Арт и дизајн / Вратена во живот вазната Лапис на браќата Кастиљони

Вратена во живот вазната Лапис на браќата Кастиљони

Далечната 1968.година, италијанската компанија CEDIT – Ceramiche d’Italia, им задала задача на браќата Ахил и Пјер Ѓакомо Кастиљони да креираат предмет од керамика.
Единствено барање кое го поставиле пред браќата било висината и ширината на овој предмет да бидат помали од 25 до 30 сантиметри.

6

Браќата кога завршиле со работата се вратиле со вазната Лапис во три димензии, која не личела на ништо друго што дотогаш било видено. Нејзиниата неправилна форма како резултат дава тродимензионална скулптура, чива силуета се менува од секој агол.

5
Компанијата CEDIT – Ceramiche d’Italia по повод 50 години од дизајнот и стотиот роденден на Ахил Кастиљони оваа година ја врати Лапис вазната во живот, во три оригинални димензии и со осовежени бои.

2
Убавината на вазната Лапис, наречена по кучето на Ахил, се крие во различните изгледи, од тенки и цврсти, тешки и лесни, до стабилни и нестабилни во зависност од аголот на гледање.

4

3

1

Испрати коментар

Scroll To Top