Насловна / Архитектура / Почина архитектот I. M. Pei

Почина архитектот I. M. Pei

Американскиот архитект со кинеско потекло Ieoh Ming Pei или попознат како I. M. Pei, почина вчера на 102 годишна возраст. Веста вчера ја потврди Mar Diamond, потпаролот на неговата њујоркшка компанија „Pei Cobb Freed & Partners”. Еден од синовите на I. M. Pei, Li Chung Pei, изјави за New York Times дека неговиот татко починал ноќта меѓу средата и четвртокот.

imp
I. M. Pei беше еден од најпознатите и најплодните архитекти на 20 век. Роден е 1917. година во Guangzhouu, Кина. Син на истакнат банкар во Кина ја напуштил својата татковина во 1935. година и се преселува во САД. Студирал архитектура на MIT и Harvard, a 1955. година основа сопствена фирма во Њујорк.
Музеи, хотели, деловни објекти, научни центри, училишта и други објекти кои ги проектирал покажуваат прецизна геометрија и апстрактен квалитет со почитување на светлината, воглавном со користење на бетон, челик, стакло и камен пишува Reuters.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Националниот центар за атмосферски истражувања, Колорадо

Обнова на музејот Лувр во Париз, чии делови датираат од 12. век, се покажа како негов најконтраверзен проект, а за оваа работа бил ангажиран од тогашниот француски претседател Франсоа Митеран.

luvr

Лувр

Pei на влезот на познатиот музеј испроектирал голема стаклена пирамида и три помали пирамиди, што претставувало впечатлив контраст со постоечкиот објект на Лувр.
Ова предизвикало лутина кај голем број Французи, некои тамошни медиуми новопроектираната пирамида ја опишувале како „додаток на Дизниленд“, додека и самиот Pei признал дека Лувр несомнено е најтешката работа во неговата кариера.

pei
Pei и во други негови значајни објекти користел мотив на стаклена пирамида, па така ја испроектирал и на влезот на Rock and Roll Hall of Fame во Кливленд.
Негови значајни објекти се Националниот центар за атмосферски истражувања во државата Колорадо, источното крило на Националната галерија на уметност во Вашингтон, Градското собрание во Далас, облакодерот Банка на Кина во Хонг Конг, музеј на исламската уметност во Доха, научен центар во Макао и многу други.

rockroll

Rock and Roll Hall of Fame во Кливленд

I. M. Pei 1983. година ја добил најзначајната награда во архитектурата Pritzker, а добиените 100.000 долари ги вложил во програма за млади од Кина кои сакаат да студираат архитектура во САД.

вашингтон-галери

Национална галерија на уметност, Вашингтон

бостон

Претседателска библиотека и музеј Џ.Ф. Кенеди, Бостон

dalas

Градското собрание во Далас

hongk

Банка на Кина, Хонг Конг

Museum of Islamic Art Doha

Музеј на исламската уметност во Доха

makao

Научен центар во Макао, Кина

Испрати коментар

Scroll To Top