Активистите што се противат на ловењето китови, по втор пат овој месец беа цел на напад од јапонските китоловци во водите кај Антарктикот. Се работи за еколошката организација “Sea Sheperd”, а јапонските китоловци со своите бродови премногу се доближиле до бродот на активистите, со што ги прекршиле правилата за пловидба. Токио потврди дека дошло до инцидент.
Меѓународната комисија за лов на китови (IWC) го забрани комерцијалниот лов на китови, но земјите како Јапонија, Норвешка и Исланд користат најразлични изговори за ловење. Јапонците ловат под изговорот на научни истражувања, што предизвикува гнев во Австралија и Нов Зеланд.
Извор: Beta