Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Ирска ги крши европските енергетски правила

Ирска ги крши европските енергетски правила

irl
Европската комисија предлага висока парична казна од 20.000 евра дневно за ирската влада поради доцнење во примената на енергетските прописи на Европската Унија. ЕК го проследила случајот до Судот на Европската Унија. Ирска само делумно ги применила европските прописи кои се однесуваат на спречување на енергетските компании истовремено да бидат сопственици и на енергијата и на преносниот систем. Притоа, ЕК истакнува дека доцнењето на Ирска во спроведувањето на прописите има негативно влијание врз учесниците на пазарот.

Ирска е пред Судот на ЕУ и поради неисполнувањето на обврските за 20% обновливи извори до 2020 год. Во почетокот на февруари, ирската влада објави дека и емисиите на јаглерод диоксид од секторот сообраќај се над нивото на квантифицираната преземена обврска на земјата.

Извор: UPI

Испрати коментар

Scroll To Top