Насловна / Арт и дизајн / Gaetano Pesce со нова колекција UP50

Gaetano Pesce со нова колекција UP50

Легендарната колекција на мебел UP на Gaetano Pesce за B&B ITALIA, создадена 1969 година, оваа година слави 50 години. Оваа колекција е вклучена во збирките на познатите музеи MoMA во Њујорк и V&A во Лондон. Годинава е совршено време да се одаде почест на изворниот дизајн со нова колекција наречена UP50.

2
Архитектот Pesce го започнал својот поход во дизајнот со колекцијата UP во клучен момент. Во доцните шеесети години на минатиот век дизајнот станал и критичар и коментатор на општествените случувања и политичките превирања.

1

Како што и самиот кажал: „објектот не смее да биде израз на самиот себе. Не е доволно да се прават меки работи за луѓето да седат на нив“. Неговата цел била, а и денес е сеуште, да се даде форма на на идеите кои комуницираат со луѓето на суптилен начин.

12
Новата колекција UP50 на Gaetano Pesce сега има нови бои, портокалово – црвена, морнарско плава, смарагдно зелена, додека пругастата верзија е со оригиналната палета на бои од 1969. UP50 беше претставена на Milan Design Week.

5

211A

13

6

 

beb_cat_cons_facci_17.tif

4

9

7

Pierre Cardin и Gaetano Pesce

Испрати коментар

Scroll To Top