Насловна / Арт и дизајн / На 58. Биенале во Венеција Златен лав за Литванија

На 58. Биенале во Венеција Златен лав за Литванија

Павилјонот на Литванија кој освои Златен лав на овогодинешното, 58. Биенале на уметноста во Венеција беше неслужбен фаворит и пред самото доделување на наградите, и тоа сосема заслужено.
Авторите едноставно отишле подалеку, а како што се прочуло дека се фаворити и дека е добра приказната и интересен спектаклот, на посетителите не им било тешко да чекаат во ред за да го доживеат.

4
Наречен е „Сонце и Море:Марина“ (Sun&Sea: Marina), а преформерите во живо, три дена за време на отварањето, a така ќе продолжат и понатаму и еднаш неделно ќе ја изведуваат својата работа. Сличен перформанс е веќе изведен во Литванија, сега е надополнет за Биеналето.

литва
Посетителите од балкон гледаат кон простор во кој на песок, на замислена плажа, лежат перфоремри од сите возрасти и читаат списанија, или пребираат по своите телефони, децата градат кули од песок, одмарајќи се, сите се занимаваат со своето слободно време. (за времетраењето на Биеналето можат да се пријават да учествуваат и посетители, а добредојдени се и домашни миленичиња).

7
Темата е климатски промени, но претставена прилично суптилно, изгледа дека се случува онака, попат, во ситуација кога секој си ја гледа својата работа, една жена ќе приговори дека некој не собрал позади своето куче, момче се жали дека не паѓал снег за Божиќ, дека времето било како да е Велигден, но восушност баш им е гајле, рамнодушни се, се занимаваат само со своите непосредни интереси, а се слуша и Брехотва опера.

5

Автори се театарската режисерка Rugilė Barzdžiukaitė, сценаристкатa Vaiva Grainytė и композиторката Lina Lapelytė. Иако на прв поглед се е идилично, се присутно е чувството на закана, завршеток, туристите кои можат да се гледаат од балконот како да се карти за крајот на светот.

6
Жирито било импресионирано со инвентивната употреба на местото за претставување на Брехотва опера, како и ангажманот на павилјонот со градот Венеција и неговите жители.
Sun & Sea (Marina) е критика на слободното време и на нашето време од страна на изведувачите кои го опишуваат секојдневието на луѓето.

Испрати коментар

Scroll To Top