Nuclearelectrica, операторот на единствената нуклеарка во Романија (NPP Cernavoda), ја извести јавноста дека е потпишан прелиминарен договор за заеднички вложувања со две кинески компании, за изградба на нови блокови (3 и 4) во постоечката нуклеарна централа. Прелиминарниот договор е потпишан со „Кинеската генерална нуклеарна корпорација“ (CGN) и предвидува основање на проектна компанија која ќе биде техничка и оперативна платформа за понатамошен развој на проектот.
Рокот за формирање на новата компанија е 60 работни денови, од потпишувањето на овој договор, и истата ќе постои најмалку две години. CGN ќе има удел од 51% во проектната компанија, додека Nuclearelectrica ќе има 49%. Во нуклеарната централа Cernavoda работат два реактори од 1996, односно 2007 година, со моќност од по 700 MW, кои обезбедуваат околу 20% од произведената електрична енергија во земјата.