Насловна / Архитектура / Зелените кровови во Њујорк стануваат обврска според закон

Зелените кровови во Њујорк стануваат обврска според закон

Во пресрет на светскиот Ден на зеленило, градот Њујорк донесе пакет закони со кои се дефинира иднината градба и кои имаат за цел драстично да се подобри енергетската ефикасност во Големото јаболко. Во средиштето на овој „зелен договор“ се зелените кровови, кои во иднина во потполност можат да го сменат како изгледот, така и животот на оваа метропола.

Следејќи ги Торонто, Сан Франциско, Денвер и Портланд и Њујорк постави услов при изградбата на станбени и деловни објекти. Во иднина секој новоизграден објект на својот кров ќе мора да има растенија, соларни панели или мини-турбини за ветер. Инвеститорите ќе можат да одлучат дали поединечно ќе применат некој од системите или ќе го реализираат проектот преку комбинација на трите.

нј

„Зелените кровови ги ладат градовите, го апсорбираат загадувањето, обезбедуваат звучна изолација, промовираат биодиверзитет и ги намалуваат трошоците потребни за производство на енергија и на тој начин ги прават нашите градови прифатливи за сите“- изјавил Dwell Rafael Espinal, челн на њујоршкиот совет.

Промената на структурата на кровот можеби изгледа како мал чекор, но всушност глобалното влијание е импресивно. Националниот истражувачки совет на Канада дошол до податоци дека зелен кров со голема површина може да ги намали дневните потреби на зградата за килматизација за 75 проценти.

Енергетски ефикасни згради се во самото срце на Законот за климатизација, кој зградите на Њујорк ги препознава како главни виновници за емисија на јаглерод диоксид во градот. Законот наречен Dirty Building Bill има за цел да ја смали емисијата на јаглерод за 80 проценти до 2050 година.

https://www.youtube.com/watch?v=wnqCta3lUVM

https://www.youtube.com/watch?v=wnqCta3lUVM

Испрати коментар

Scroll To Top