Насловна / Вести / Соработка меѓу инженерите од Македонија и Бугарија во енергетската ефикасност

Соработка меѓу инженерите од Македонија и Бугарија во енергетската ефикасност

Овластените инженери и архитекти од Република Северна Македонија и од Република Бугарија ќе соработуваат и разменуваат знаења и искуства од областа на енергетската ефикасност. Ова, меѓудругото, го предвидува Меморандум за соработка меѓу овие две институции, потпишан во петокот (10 мај) во рамки на работилницата „Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности“, организирана од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија, Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за одржлив енергетски развој.

Исто така, Меморандум за соработка потпишаа Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија и Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија.

unnamed

За професор д-р Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, потпишувањето на Меморандумот значи формализирање и на досегашната добра соработка со двете институции.

„И досега имаме одлична соработка со Агенцијата за енергетика и со колегите од Бугарија, но со формализирањето на оваа соработка се надеваме на нејзино интензивирање. Посебно затоа што сме се носи Законот за енергетска ефиканост и влегуваме во фаза на операционализација. Ќе недостасуваат кадри инженери и Комората ќе преземе дел од обврските за реализација на активностите на патот кон Европската Унија. Притоа, ќе имаме одлична соработка и размена на информации и знаења со колегите од Бугарија, кои имаат искуство“, рече Димитровски.

1nnamed

Ивајло Алексиев, извршен директор на Бугарската агенција за одржлив енергетски развој, потврди дека институциите и досега соработувале, но дека ќе се интензивира соработката со размена на добри практики и искуства во областа на енергетската ефикасност и помош при разработка на документи.

Република Северна Македонија, во изминатиот период, како обврска во процесот на пристапување кон ЕУ ги подготви сите значајни стратешки документи и акциони планови за реализација на политиките и мерките за унапредување на енергетската ефиканост, рече Нехри Емрула, директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

„Сакам да потенцирам дека Законот за енергетска ефиканост е пред донесување, што значи дека за многу брзо време ќе почнат и обврските и мерките за негово спроведување со цел постигнување на националните таргети за заштеда на енергија“, додаде Емрула.

Одржаната работилница е дел од трилатералната соработка помеѓу Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, Бугарската агенција за одржлив енергетски развој и Комората на овластени архитекти и овластени инженери. На работилницата учествуваа членовина Комората кои поседуваат овластување за еенргетска ефикасност.

Испрати коментар

Scroll To Top