Насловна / Вести / Во Холандија органската храна не е секогаш органска

Во Холандија органската храна не е секогаш органска

Во Холандија се продаваат стотина органски производи, а истражувањето кое го направиле новинари на холандската телевизија РТЛ вести покажува дека тие производи воопшто не се органски.

За да може производот да носи ознака „органски“ произведувачите мора да се придржуваат на правила кои се однесуваат на доброто на животните, употребата на лекови на фармата, како и за чување на животната средина.

organska

Повеќе од двеста холандски органски земјоделски произведувачи не ги задоволувале пропишаните стандарди.

Анализата на повеќе од 1.500 извештаи која ја има составено независната организација „Скал“, по посетата на инспекцијата, покажува дека секој десети произведувач на органска храна во Холандија не се придржува на пропишаните правила.

Кога ќе се утвдри прекршокот произведувачот добива парична казна по што може да продолжи со продажбата на производите и покрај тоа што начинот на производство не е сменет.

Поради пропишаните барања поврзани со здравје и безбедност на производите, купувачите во супермаркетите мора да одвојат повеќе пари за органски отколку за неоргански производи.

Испрати коментар

Scroll To Top