Andrew Cuomo, гувернерот на државата Њујорк, неодамна го најави почетокот на деловните активности на New York Green Bank, кои се насочени во поттикнување на вложувањата на приватниот сектор во чисти извори на енергија и енергетска ефикасност. Се работи за најголем проект од овој вид во САД, кој на располагање на потенцијалните инвеститори обезбедува дури една милијарда долари.
Почетната капитализација на банката од 210 милиони долари ќе биде насочена во зајакнување на секторите за искористување на енергијата на ветерот и сонцето, на комерцијално ниво.
Извор: croenergo.eu