Насловна / Вести / Амстердам со забрана за бензинци и дизелаши до 2030 година

Амстердам со забрана за бензинци и дизелаши до 2030 година

Автомобилите и мотоциклите кои користат бензин и дизел, ќе бидат забранети во Амстердам до 2030 година, а со цел подобрување на квалитетот на воздухот во градот. И покрај фактот што голем број Холанѓани возат велосипеди, загадувањето во земјата е на повисоко ниво отколку што се граничните вредности согласно ЕУ регулативата, особено поради големиот број возила во Амстердам и Ротердам.

Министерството за здравство на Холандија предупредува дека моменталните нивоа на азот диоксид и цврсти честички во воздухот, можат да доведат до сериозни заболувања на респираторните органи и да го скратат животниот век за една година. Од Градскиот совет наведуваат дека планираат сите автомобили кои користат бензин и дизел да бидат заменети со алтернативи методи на превоз, како на пример електрични автомобили и автомобили кои користат водород. Веќе од следната година во Амстердам ќе бидат забранети за сообраќај сите дизел возила произведени пред 2005 година.

am1

am2

Испрати коментар

Scroll To Top