Насловна / Вести / Биоразградливи производи за лична хигиена

Биоразградливи производи за лична хигиена

Жителите на Земјата секоја година фрлаат над пет милијарди четкички за заби. Компанијата The Humble Co., основана во 2013 година во Шведска од страна на еден стоматолог, се наоѓа меѓу предводниците на револуцијата кај производите за лична хигиена. Производството, пакувањето и одлагањето на овие производи низ истовремено минимално влијание врз животната средина, е во фокусот на бизнис логиката на оваа компанија.

Четкичките за заби се изработени од бамбус, кој покрај биоразградливоста има и исклучително брз раст, поседува природни антибактериски својства, па не му се потребни пестициди и ѓубрива. Пакувањето на овие четкички се прави од рециклирани материјали, и исто така се разградува во природата. Доколку се одлучите да го вклучите овој производ во Вашиот сет за лична хигиена, со неговото купување финансирате хуманитарни проекти ширум светот. Во својата понуда оваа шведска компанија има и природни пасти за заби, разградлив забен конец, стапчиња за уши и сл.

humble1

humble2

humble3

Испрати коментар

Scroll To Top