Насловна / Арт и дизајн / Мистерија на најскапата слика на светот, продадена за рекордна цена, а потоа ја снемува без трага

Мистерија на најскапата слика на светот, продадена за рекордна цена, а потоа ја снемува без трага

Експертите од светот на уметноста сега мораат да решат уште една енигма – каде е сликата која е припишана на Леонардо да Винчи „Спасител на светот “ (Salvator Mundi), продадената за фантастични 450 милиони долари, рекордна цена за уметничко дело, а која требаше да биде изложена во јавноста уште од септември минатата година.
Во ситуација на новооткриени факти дека британската Национална галерија не направила доволно да го оспори припишувањето на сликата на Леонардо да Винчи, повторно се подгреани сомнежите околу автентичноста на најскапата слика на светот. Да биде работата уште почудна „никој не знае“ каде се наоѓа сликата.
На втори мај се навршија пет века од смртта на Леонардо да Винчи, еден од најгенијалните умови во историјата на човештвото. Меѓутоа, наместо да се тркаат кој ќе му организира поатрактивна изложба, светските музеи и историчари на уметност и понатаму се спорат дали е Salvator Mundi дело на неговите раце или не. Дали е продадена слика или бренд?

2savat2
Неодамна британските медиуми објавија тврдења дека Нациналната галерија од Лондон не ги истакнала доволно гласно своите сомнежи дека поменатата слика е дело на Леонардо, пред истата да биде продадена на аукција, со што директно се изманипулирани потенцијалните купувачи.
Вредноста на „Спасителот на светот“ вртоглаво порасна од 1,175 долари на 450,312,500 долари, кога во 2008 година тим на експерти, оформен од Нациналната галерија пресуди дека станува збор за оригинал на Леонардо да Винчи. Меѓутоа, овј псуда сега е доведен во прашање бидејќи на видело испливале фактите за поединечните гласови: два „да“, едно „не“ и два „без коментар“. Историчарот на уметност Бен Луис овие сензационални тврдења ги изнел во книгата „Последниот Леонардо: Тајниот живот на најскапата слика на светот“.
Последиците на обелоденувањето на резултатот на гласањето се далекусежни и го тресат уметничкиот свет.
Дека сликата настанала околу 1500 година, согласни се скоро сите угледни историчари на уметност. Околу тоа кој е нејзиниот автор дебатата сеуште трае. Дали ја насликал Ленардо со своја рака, без мешање на учениците, или пак е дело на ученик од неговата работилница или дури и на некој подоцнежен следбеник?
Сликата имала бурна историја, менувала сопственици, се губела и повторно појавувала. Толку пати била пресликувана што „Исус изгледал како хипик на дроги“, ја опишал Марин Кемп, историчар на уметност од Оксфорд, кој имал прилика одблиску да ја проучува сликата. Била толку многу изобличена што во 1913 еден фински историчар на уметност ја опишал како дело на Леонардовиот ученик Болтрафи.

салв1

Продавана е на неколку аукции за цена нешто повеќе од 1.000 долари. На сликата и се губи трагата се до 2005 г. кога е пронајдена на аукција на недвижности во Њуорлеанс и купена за помалку од 10.000 долари од конзорциум на колекционери предводени од Роберт Симон, специјалист за стари мајстори. Симон ја носи во Њујорк кај реставраторите на уметнички слики Дајана и Марио Модестини. Дајана Модестини е конзерваторка и професорка на Институтот за ликовни уметности при Њујоршкиот универзитет и таа извршила реставрација на сликата која траела шест години.

salv3
Како што е споменато, тим составен од пет експерти ја припишал сликата на Леонардо и изложена е како таква 2011 година во Нациналната галерија во Лондон. Веќе следната година Роберт Симон ја продава на рускиот колекционер Димитриј Руболовљев за 127,5 милиони долари, а пота тој во ноември 2017 ја продава на аукцијата на „Кристи“ во Њујорк, после 20 минути, за фантастични 450,312,500 долари (цена на чеканот 400 милиони плус 50,3 милиони долари во данок). Набрзо се открива дека станува збор за застапникот на саудискиот Принц и престолонаследник Mohammed ben Salman.

Испрати коментар

Scroll To Top