Градоначалникот на Њујорк најави воведување на забрана за изградба на облакодери со стаклени фасади, како дел од напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови во градот за 30%. Во изјава за NBC New York, тој ги опишува застаклените облакодери како “исклучително неефикасни“ поради значителните топлински загуби, односно ги идентификува како примарна причина за емисијата на стакленички гасови. Оваа политика, преточена во т.н Green New Deal на градот, вклучува планови за воведување „чиста“ енергија за сите операции во градот, задолжително рециклирање, како и забрана за пластиката за една употреба.
Претходно, поточно во месец април, градскиот совет го усвои т.н Climate Mobilization Act, со кој се бара од зградите да ги намалат своите јаглеродни емисии за 40%, почнувајќи од 2024, а завршувајќи со 2030 година.