Пожарот кој неодамна ја зафати Богородичната црква во Париз ги потресе парижаните и туристите кои со саати гледаа како гори еден од симболите на Франција. Сепак историјата покажува дека тоа што изгорело или били уништено во војна, може да се подигне од пепелта.
Десетици европски катедрали низ историјата гореле. Некои биле само оштетени, а некои биле уништени до темел. На истите места градени се цркви кои денес се туристички атракции. Ова се само некои од катедралите кои историјата не ги штедела.
Св. Павле, Лондон
На Ладгејт Хил, највисоката точка на Лондон од 604 година има катедрала. Меѓутоа, катедралата на Св. Павле која денес се наоѓа тамо изградена е во 17 век и е четврта катедрала која е изградена на ова место.
Од 1135 година до Големиот пожар во 1666 година кој го разорил Лондон тука се наоѓала истоимена катедрала.
Градбата на денешната катедрала на архитект сер Кристофер Рен, траела од 1675. до 1710. година. Висока е 108 метара, односно 365 стопи – по една стопа за секој ден во годината. Благодарение на големината и изгледот, катедралата станала значајна туристичка атракција на Лондон.
Пожар во Катедралата Св. Павле
Во Обединетото Кралевство пожарите не ги штеделе ни црквите во Њукасл, Шефилд, Кантербери, Ковентри.
Св. Мартин, Утрехт
Низ бурна историја поминала и катедралата Св. Мартин во холандскиот град Утрехт. Фрањевците ја изградиле околу 630 година, но Норманите ја уништиле во 9 век.
Одново и одново била градена поради бројни пожари за конечно да биде осветена во 1023 година.
Св. Мартин пред да се сруши централниот кораб
Голема штета на оваа катедрала и направил пожарот кој избувнал 1253 година. Се до 16. век правена и е реконструкција во готски стил. Во 1674 година за време на голема бура едниот кораб се распаднал. Потоа е многу пати реставрирана, но централниот кораб никогаш не е обновен.
Најболна е историјата на француските катедрали. Пожари зафатиле цркви во Руан, Стразбур, Нант, Мец, Дижон. Не бил поштеден ниту Нотр-Дам во Ремс.
Нотр Дам, Ремс
Во оваа прочуена катедрала источно од Париз крунисани се 25 француски кралеви.
Градбата на оваа катедрала започнала 1211, а требала да ја замени предходната црква која изгорела во пожар 1210 година. Главните работи траеле околу 80 години, додека надградбата и декоративните работи се одвивале во тек на наредните векови.
Катедралата е оштетена за време на Првата светска војна кога германските војници го освоиле и ограбиле Ремс. Германската војска ги завземала возвишувањата во градот од каде ја гранатирале и катедралата, поради што избувнал пожар во северната кула. Комплетно е реставрирана во периодот од 1918 до 1937 година, но значително е оштетена и во Втората светска војна.
Пожар во Првата светска војна Нотр Дам, Ремс
Санта Марија дел Мар, Барселона
За време на изградбата на готската базилика Санта Марија дел Мар во Барселона 1379 година избувнал пожар во кој голем дел од работите биле уништени. Сепак градбата продолжила и базиликата е осветена во 14 век. Кога во 1428 година Каталонија ја погодил земјотрес, нанесена е голема штета на оваа базилика, но тоа не било ништо во споредба со тоа што ја чекало.
За време на Шпанската граѓанска војна во 1936 година оваа базилика горела 11 дена. Уништени биле барокниот олтар, икони и документи со големо историско значење. Меѓутоа се зачувале ѕидовите, столбовите и некои од витражите.
Берлин, Дрезден, Либек, Келн – се некои од градовите на кои пожар ги зафатил истоимените катедрали.
Катедралата во Келн
Градбата на велелепната катедрала во Келн почнала 1248 и траела повеќе од шест века. Една е од најголемите и највисоките катедрали со кула висока 157 метри.
Во сојузничкото бомбардирање за време на Втората светска војна Келн е срамнет, но катедралата успеала да се одржи, иако со големи оштетувања. Била погодена со повеќе од 80 бомби, срушени се лаците на главниот кораб и делови на бочните кораби.
Американски војник пред катедралата во Келн по сојузничкото бомбардирање