Насловна / Вести / Дигитални знаци низ Скопје за избегнување на метежот

Дигитални знаци низ Скопје за избегнување на метежот

rsz_илинденска
На булеварот Илинден и на Партизански одреди почна поставувањето дигитални сообраќајни знаци со променлива содржина. Возачите ќе може да прочитаат на која улица во одреден момент во градот има густ сообраќај, а со тоа и ќе им служат на граѓаните за навреме да изберат алтернативни улици за избегнување на метежот.

Во Скопје ќе бидат инсталирани пет знаци од овој тип фреквентни места, односно на поголемите булевари: Партизански одреди (спроти „Симпо“), Илинденска (спроти училиштето „Орце Николов“), Борис Трајковски (по бараките на Општина Kисела Вода), Јане Сандански (пред „Тобако 2“) и Александар Македонски (спроти хотел „Kонтинентал“).

Овој тип сообраќајни известувања се дел од проектот за софтверско следење и регулација на сообраќајот во метрополата, преку Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУKС), кој се наоѓа во Транспортниот центар. Со ЦУKС, преку оптичка мрежа, ќе се поврзат 85 раскрсници во градот, а семафорите ќе пропуштаат возила компјутерски, во зависност од метежот во одреден дел од денот.

Испрати коментар

Scroll To Top