Насловна / Вести / Произведена e најдолгата лопатка за ветерни турбини

Произведена e најдолгата лопатка за ветерни турбини

Данскиот производител на ветроенергетска опрема  LM Wind Power објави дека прв на светот успешно произвел лопатка за ветерна турбина со должина поголема од 100m. Лопатката е произведена во LM-овите погони во Cherbourg во Франција и долга е точно  107m.  Ваквите лопатки ќе се вградуваат во ветротурбините Haliade-X, производство на General Electric со инсталирана моќност од 12 MW. Овој тип на лопатки се наменети за offshore ветерни електрани, а се очекува да имаат век на траење подолг од 20 години.

lm1

lm2

lm3

lm4

 

Испрати коментар

Scroll To Top