Насловна / Дневни Вести / Новиот градски плоштад во Струмица ќе биде отворен на 10 декември

Новиот градски плоштад во Струмица ќе биде отворен на 10 декември

strumica-plostad2.jpg

Струмица Со вчерашното поместување на двата барељефни дела од споменичниот комплексна Гоце Делчев во центарот на градот, општина Струмица практично ги започнафиналните подготовки за заокружување на новиот целосно реновиран иреконструиран градски плоштад.

Градоначалникот Зоран Заев иофицијално објави дека плоштадот ќе биде пуштен на 10 декември, во пресрет наденот на заштитниците на Струмица „Свети петнаесет тивериополски маченици“.

– Дислокацијата на споменикот е направена со дозвола на неговиот автор, академскиот скулптор Бранко Коневски, со кој беа разгледани повеќе можности за вклопување на споменикот во новиот изглед на плоштадот, а деновиве на веќе поставените јарболи ќе се веат знамињата на Република Македонија и на земјите членки на Еврипската Унија. Целокупниот проект е вреден околу 3,2 милиони евра, изјави Заев.

Под нивото на плоштадот ќе има три влезно-излезни отвори и паркинг простор за 86 возила. Надземниот дел ќе биде целосно поплочен со гранит, а на големото плато ќе бидат поставени две големи фонтани, саат-кула со три часовници и со грбовите на Струмица, Македонија и на ЕУ, потоа споменик посветен на Струмичкиот карневал, цвеќарници со топчест јавор и јапонски цреши, канделабри, клупи, украсна метална ограда, еколошки канти, пепелници и друго. Со реализацијата на овој проект значително ќе се растовари сообраќајниот метеж во центарот на Струмица, а самиот плоштад ќе претставува пешачко острово и ќе биде дел од познатото струмичко корзо. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top