Насловна / Вести / Тинекс слави 25 години- Успешна приказна инспирирана од довербата на потрошувачите

Тинекс слави 25 години- Успешна приказна инспирирана од довербата на потрошувачите

Компанијата Тинекс, на 23ти Април одбележa 25 години од своето основање во 1994година.
„Успешната приказна на нашата компанија се темели на континуираната посветеност на сите вработени кон остварување на нашата визија, која е насочена кон градење на стабилен и етаблиран македонски бренд, кој ќе претставува повеќе од супермаркет.
Да се задржи лидерската позиција сите овие години за нас претставува предизвик, но и мотивација, која не поттикнува постојано да превземаме нови чекори со кои ќе одговориме на потребите на пазарот и ќе го осигураме своето место на врвот.“ – изјавија од Тинекс по повод јубилејот.

Со отворањето на првиот маркет во населбата Карпош 3, Тинекс стана првиот супермаркет во Македонија кој воведе нови, дотогаш неприменети, практики во малопродажба и услужување на потрошувачите. Оттогаш, па се до денес, Тинекс секогаш е насочен кон примена на најновите технологии и принципи на работење, кои се насочени кон усовршување на потрошувачкото искуство, со акцент на задоволството од пазарењето.
Денес, семејството на Тинекс вклучува 41 супермаркети во 11 градови низ Македонија, интернет продавница, 7 Cosmo дрогерии, ресторани, продавници на мебел и декор, игротека, сопствен логистичко-дистрибутивен центар, погони за производство на готови јадења и обработка на месо и два трговски центри. Останатиот, и најзначаен дел од семејството на Тинекс го сочинуваат над 1300 вработени, над 100.000 потрошувачи и 5000 соработници.

Во фокусот на компанијата секогаш се наоѓаат потрошувачите, па затоа Тинекс одлучи својот роденден да го прослави заедно со нив, во знак на благодарност на довербата која ја имаат кон брендот Тинекс, овие 25 години.

slika

По повод роденденот на Тинекс, во текот на наредниот период, ќе бидат организирани голем број на промотивни активности, акции и попусти за потрошувачите. Акциите ќе се однесуваат на супермаркетите Тинекс, но исто така и на останатите објекти кои се дел од семејството на Тинекс како дрогериите Cosmo, Tinex Home, Tinex To Go, туристичката агенција Travel Solution и др.

Секоја недела, започнувајќи од 22.04, 25 најпродавани производи ќе бидат намалени за -25%,  кои ќе бидат пренесени како поени на поен+ картичката за лојалност.
Дополнително, со цел да се одбележи денот на отворање на првиот маркет, во вторник на 23.04, во сите Тинекс маркети беа доделени двојно повеќе поени на поен+ картичките за лојалност на Тинекс, пресметани според износот на сметката.

Во текот на месец Мај ќе бидат организирани викенд дружења пред супермаркетите Зебра, Лиса и Кончар, каде ќе бидат организирани бројни забавни активности за сите посетители со музичка програма и игри, а дополнително за време на забавите ќе биде послужена голема роденденска торта, и ќе бидат доделени подароци.

Како дел од роденденската кампања, Тинекс распиша награден конкурс за редизајн на амбалажа на сладоледите Екстра, приватниот бренд на Тинекс.
Целта на конкурост е да им се овозможи на младите дизајнери да ја покажат својата креативност и професионални способности преку учество во реален проект и да им се даде можност да се вклучат во создавањето на препознатлив производ, конкурентен на македонскиот пазар.
Победничкиот дизајн ќе биде награден со вредносен ваучер од Istyle во вредност од 60,000денари, и истиот ќе биде применет за промена на амбалажа на сладоледите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top