Дизајнот на центарот за деца Hestia, именуван по божицата на семејниот дом и архитектурата, ја заживува филозофијата на Reggio Emilia дека улогата на секое физичко опкружување има значајно влијание врз развојот на детската популација и е често реферирана како „трет учител“ во општеството. Значењето на оваа теорија е пренесено и презентирано преку обликувањето на просторниот концепт на објектот како аналогија на духот на градот.
Склопот на простории со различна височина, димензии и намени им овозможува на децата да ги применуваат и развиваат чувството и желбата за истражување како неопходни при едукацијата. Тактилниот размер на катчињата што ја дефинираат внатрешноста, ги стимулира детските вештини за ориентација, инспирирајќи ги да се движат и да го осознаваат нивното опкружување на ист начин како и во урбаната средина.