Истражувањата покажуваат дека вложувањата во интегрирани и безбедно организирани мрежи за точаци ја подобруваат физичката и психичка состојба на луѓето и ги подобруваат условите за живот во градовите. Сепак, тој процес на интеграција во многу градови во светот не е едноставен и многу градови се во потрага по ефикасен модел со кој ќе се намали гужвата во сообраќајот и зголеми користењето на велосипеди како превозно средство. Дел од развојниот план на велосипедските мрежи се и местата на кои се паркираат точаците.
Во градовите ширум светот можат да се видат гаражи, често под некаков надзор во кој велосипедите можат безбедно да се остават. Меѓутоа постои и полесна и пофункционална опција која подразбира структури цврсто фиксирани кои овозможуваат велосипедите да се потпрат и заклучат. Многу од нив се интегрирани преку урбаната опрема во градовите, покрај клупи, бандери или информативни табли. Потребна им е помала површина, но важно е да се испочитува да се сместат во близина на пешачки јазли и стази за велосипеди.
ArchDaily ги претстави насоките кои е потребно да се почитуваат во имплементирање на вакви паркинг места за точаци во урбаната структура на градот.
1. Упадлива конструкција, но да не смета на правците на движење
За успешно функционирање на оваа конструкција битно е елементите добро да се лоцирани и да имаат добра видливост. Добро е да се постават во непосредна близина на влезовите во објектите, но да не сметаат на патеките за пешаци, како и да не сметаат на влезови и пролази.
2. Минимални димензии на паркинзи за велосипеди
Важно е растојанието меѓу решетките да биде минимум 80 сантиметри, како би се овозможило паркирање на два велосипеда на секоја конструкција.
3. Минимални димензии во однос на останатите елементи
Треба да се обезбеди доволно место за пролаз на точакот и неговиот возач околу паркингот. Потребно е да се обрне внимание минималната одалеченост од ѕид, дрво или некој друг елемент во просторот да биде 50 сантиметри.
4. Материјал за прицврстување
Добро е да се земат во предвид цврсти материјали кои се погодни за сите временски услови, како дожд или снег, јако сонце и корозија. Генерално овие конструкции се изведуваат од алуминиум или поцинкуван челик, но постојат и такви кои имаат слој гума, како би се избегнале гребаници на точаците.
Важно е да постои бетонска плоча како идеална база за фиксирање на конструкцијата, таа треба да биде рамна со пожелен пад од 5 проценти во правец на ослонувањето.
5. Размислете за употреба на паркинг кога нема велосипед
Интересно е да се размисли за изгледот и функцијата на паркингот кога покрај него не стои точак. Пожелно е конструкцијата да биде витка, пријатна за око, која може да биде во склад со останататата урбана опрема во градот.
6. Да се обезбедат повеќе точки на потпирање и заклучување
Земајќи ги во предвит разните модели на велосипеди, важно е да се проучат нивните димензии и конструкција. Различните модели имаат точки на потпирање и заклучување на различни висини и положби.