Архитектот Oliver du Puy дизајнирал минималистичка куќа, замислена како средство кое може да го ублажи стресот од забрзаниот градски живот.
Тесниот заден дворо се претвора во ексклузивен пејзаж. Парцелата е широка едвај 4.2 метри. Куќата Skinny House е урбана резиденција, сместена во срцето на Мелбурн, Австралија. Низ својот простор и атмосфера настојува да ублажи нелагодноста од напорниот живот поминат во метрополата.
Помеѓу примерите кои се користени за концепцијата на овој проект, Oliver du Puy го наведува Тадо Андо, поточно неговите рани работи.
Според зборовите на архитектот, „просторите на Skinny House се структурирани како хаику песна, во пакет од интимни моменти кои ја зголемуваат приватноста како што се искачувате во објектот”.
Во приземјето гостинската спална соба се отвара кон мал двор, на првото ниво издолжената дневна соба е отворен простор, а на вториот кат се главната спална соба и луксузната бања.
Натур бетон, дабово дрво, нерѓосувачки челик и мермер се материјалите одбрани за куќата, додека цврстата бетонска рамка ускладена на уличниот фронт е неочекуван допир на монументалност на ваков мал проект.