Групацијата Avaz го претстави својот нареден инвестициски проект – Avaz Ski Tower кој со своите 250 метри ќе биде повисок од кулата Авала во Белград.
Avaz Ski Tower во Сраево со својата висина од 176 метри по Авалската кула е втор највисок објект на Балканот. Меѓутоа рекордот од 204 метри ќе биде оборен. Имено како што пишува eKapija, според проектот на фирмата ADS Studio во Сараево наскоро почнува изградбата на облакодерот, Avaz Ski Tower вреден 100 милиона евра, кој како што пренесува ќе има 50 ката и ќе биде висок 250 метри.
Како што за eKapijа изјави директорот на маркетинг на Avaz групацијата, Сеад Нумановиќ, целата документација е спремна, како и урбанистичката согласност и градежната дозвола, така да очекуваат многу брзо да почнат со градбата.
– Сега го спремаме теренот за градба, бидејќи покрај парцелата која ја поседуваме, купивме и додатно земјиште во соседството на веќе постоечката Avaz кула. Очекуваме набрзо да почнат работите“, вели Нумановиќ, без да го прецизира датумот на почеток на изградбата.
Парите се како што вели спремни, инвеститор е Avaz групација и спремни се сами да работат, но се стремат кон тоа и да најдат јак коинвеститор. Оваа кула со содржината околу нејзе ќе претставува единствен и мултифункционален кондоминиум. Планирано е кулата да има канцелариски простор, станови за продажба, хотел и ротирачки ресторан на кровот. Во подножјете е предвиден трговски центар со локали до 60 квадратни метри. Предвидена е и гаража со 500 паркинг места.
Погледнете ја макетата: