Соларните панели прекриени со снег, не можат да бидат ефикасни и да произведуваат енергија, па затоа тим од University of California Los Angeles (UCLA), разви нов уред кој може да генерира електрична енергија од самиот снег. Овој уред го нарекле турбоелектричен наногенератор или скратено Snow TENG. Како што кажува самото име, уредот работи на принципот на трибоелектричен ефект, што значи дека користи статички електрицитет за генерирање на електрична енергија.
Snow TENG, кој е произведен со печатење преку 3D технологија, направен е од силициумов слој прицврстен на електрода. Според истражувачкиот тим, тој може да биде интегриран во фотоволтаичните панели, така што тие ќе можат да продолжат да произведуваат електрична енергија дури и тогаш кога с епрекриени со снег.
Еден од главните недостатоци е фактот што Snow TENG произведува прилично мала количина енергија во својот сегашен облик и има густина на моќноста од 0,2mW по квадратен метар. Тоа значи дека би бил погоден за мали временски сензори на сопствен погон. Уредот може да работи во оддалечени подрачја, бидејќи самиот си обезбедува енергија. Според авторот на студијата, ова е многу паметен метеоролошки сензор. Истражувачите нудат и други видови сензори по овој принцип, како на пример оние кои би можеле да се прицврстат на дното на скиите и да се користат за собирање информации за зимските спортови. Истражувањето е објавено во часописот Nano Energy.