Adris grup во туристичката зона Monte Mulini во Ровињ изградила хотел со пет ѕвезди чива изградба чинела 90 милиони евра.
По проект на загребското архитектонско биро 3LHD, изграден е Grand Park Hotel во Ровињ кој стана трибина за една од најубавите сцени на Јадранското море.
Секој кат на хотелот е поместен и го следи падот на теренот со што се создадени тераси со големи површини, медитерански градини, водени површини, базени и простори за сончање. Гостите во кое место и да се наоѓаат во хотелот добиваат впечаток дека претстојуваат во парк со поглед на Ровињ, Св. Еуфемија, островото Св. Катерина и најубавите залези на сонцето во ова убаво место на Истра.
Grand Park Hotel со категоризација пет ѕвезди е дел на Maistra Collection брендот, кој обединува хотели од највисока категорија.
Единствената локација и специфичната конфигурација на теренот инспирирале каскаден тип на градба и реализација на 10 илјади квадрати зелен кров, па хотелот е речиси стопен со околното зеленило. На шест ката распоредени се 193 соби и 16 апартмани со вкупен капацитет од 500 гости.
Покрај погледот на море и градот, сите соби имаат пространи тераси со зелени градини, а 53 соби имаат и помали хидромасажни базени т.н. plunge pool. Собите се со површина од 40, а апартманите и до 175 квадратни метри.
Интересно е дека базените, влезното лоби и рецепцијата, рестораните и конгресните сали се сместени на највисоките катови, а собите на пониските нивоа.
Италијански потпис во ентериерот
Внатрешното уредување го потпишува миланското студио на Pier Lissoni – Lissoni Architecture. Работата на Lissoni е позната по минимализмот, при што особено внимание се посветува на деталите и изборот на материјалите.
Инспирирани од Медитеранот во дизајнот се користени претежно природни материјали, како разни видови камен и дрво. Во ходниците преовладуваат потемни сини, а во собите посветли бои, односно сиви, беж и земјани тонови.
Grand Park Hotel Rovinj има најголем и најлуксузен spa&wellnes центар на Истра. Àlbaro Spa&Wellness се простира на 3.800 квадратни метри внатрешен и надворешен простор на две нивоа, вклучувајќи го и просторот со три надворешни базени на врвот на објектот.
Тука се и три сауни, две парни простории со посебни ароматични програми, два помали ладни базена и простор за туширање.
Иако Grand Park Hotel Rovinj првите гости ги прими овие денови, свеченото отварање на луксузната зона Monte Mulini и новиот хотел ќе биде кон крајот на мај, кога под покровителство на Adris grup, ќе се одржи Adris 44 Cup.
Име на проектот: Grand Park Hotel Rovinj
Проектирање: 2015-2016
Изградба: 2016-2019
Локација: Хрватска, Ровињ Hrvatska, Rovinj, Ul. Ivana Matetića Ronjgova 11
Површина на локација: 35.341 m²
Бруто површина: 29.927 m²
Нето површина: 16.340 m²
Надморска висина: 4.80 m
Инвеститор: Maistra d.d.
Автор: 3LHD