Работите на проширување на Панамскиот Канал продолжуваат, бидејќи конечно е потпишан договорот на Агенцијата за супервизија на Панамскиот Канал и градежните компании. Агенцијата за супервизија на Панамскиот Канал и градежните компании кои го модернизираат тој вештачки воден пат, постигнаа договор за решавање на финансиските проблеми, кои доведоа до прекин на работата.
Како што е наведено, конзорциумот предводен од шпанската градежна фирма Sakir SA ќе обезбеди 36,7 милиони долари колку што изнесувале трошоците на работата во месец декември минатата година. Тричлен меѓународен конзорциум побарал од Агенцијата за супервизија на каналот да го плати надминувањето на цената на работењето од 1,6 милијарди долари. Меѓутоа, шефот на ресорната агенција Хорхе Кихано одбил, велејќи дека шпанско-италијанско-белгискиот конзорциум требало да се држи до буџетот врз основа на кој тој го добил бизнисот, а тоа се 3,1 милијарди долари.
Голем број на пристаништа во светот имаат инвестирано многу пари во модернизација на каналот за да биде во можност да прифати повеќе бродови, чиј број ќе биде поголем, кога ќе се зголеми капацитетот на Панамскиот Канал. Ширината и длабочината на каналот со децении имаа влијание на големината на бродови (стандард Panamax).
Три четвртини од работaта за проширување на Панамскиот Канал е завршена. Преку овој канал, кој го поврзува Карипското Море, односно Атлантскиот Океан со Тихиот Океан, поминува пет до шест отсто од светската трговија. Се очекува проширувањето да биде завршено во 2015 година.