Министерот за животна средина на Србија, Горан Триван, најави дека започнува со работа Комисија која треба да ги испита последиците во Србија од бомбардирањето во 1999. „Последиците се неспорни, но прашање е на обемот и интензитетот. Комисијата нема да се занимава само со ефектите од осиромашениот ураниум, туку и со последиците од бомбардирањето на петрохемиските постројки. “ На критиките од јавноста „зошто комисија“, тој објаснува дека мора да се утврди фактичката состојба од оваа временска дистанца, со цел превземање на правилни и навремени мерки за заштита на здравјето на луѓето и животната средина.