Најголемата саемска манифестација во градежната индустрија во Југоисточна Европа, Саемот за градежништво во Белград, ќе се одржи од 17ти до 20ти април 2019, на Белградскиот саем. Под слоганот „Ја градиме иднината сега“, на својот расположив простор ќе се претстават сите сегменти на градежната индустрија. Со оглед дека се работи за еден од најзначајните деловни саеми во регионот, SEEBBE 2019 (South East European Belgrade Building Expo) е прилика за претставување на иновации, нови проекти и воспоставување на регионална соработка.