Насловна / Вести / Грчка компанија ќе ја гради новата словенечка термоцентрала

Грчка компанија ќе ја гради новата словенечка термоцентрала

Грчката компанија Mytilineos победи на конкурсот за изградба на нов блок во термоцентралата TE-TO Ljubljana (TETOL). Вредноста на договорот е 118 милиони евра, што опфаќа испорака на опрема, изградба и пуштање во погон. Новиот когенерациски блок на еден од најважните енергетски производствени капацитети во Словенија ќе се состои од две гасни турбини (Siemens), и два парогенератори. Работите ќе започнат до крај на 2019 година, а очекуваното време за комплетно завршување со пуштање во погон е 30 месеци. Како гориво за новиот блок, кој ќе ја снабдува Љубљана со топлинска и со електрична енергија, ќе се користи природен гас. Вкупната инсталирана моќност на новиот блок е 110MW.

TOPLARNA ARHITEKTURA NARAVA DREVESA BLOK STAVBA HISA STANOVANJSKI OBJEKTI

TETOL2

TETOL3

Испрати коментар

Scroll To Top