Насловна / Архитектура / Кина ќе добие музеј во форма на џиновски оџаци

Кина ќе добие музеј во форма на џиновски оџаци

Не е тајна дека Кинезите имаат пари и вложуваат многу во архитектурата и градежништвото. Притоа, објектите кои се градат се движат од типичен „кичерај“ (реплики на светски познати објекти на кинеско тло), па сè до уникатни градби кои се квалитет за Кина. На страниците на „Порта 3“, со години се пишува за такви уникатни проекти, а како најчудна градба за оваа 2019 би го издвоиле комплексот наречен Binhai Cultural Center (Културен центар Бинхаи).

muzej-odzak1

„Бернард Шуми Архитектс“ е еден од авторите на дел од сегментите кои влегуваат во овој нов кинески проект. Тие го завршиле Музејот на истражувачите во Кина (Exploratorium), кој има огромни индустриски изложбени простори во облик на оџаци кои излегуваат од перфорираниот надворешен изглед на објектот.

muzej-odzak3

Музејот се наоѓа во Тијанџин и се простира на површина од 33 илјади квадратни метри. Изградбата почна уште во 2013 година, а поради комплексноста, беа потребни околу шест години да се заврши. Неговото отворање ќе се случи наесен оваа година. Се смета за еден од поголемите проекти, кој треба да фрли ново светло на пристанишниот град и да го проектира во една нова индустриска димензија.

Иако во Кина има етаблирани архитекти и студија, сепак градските власти се одлучија довербата да им ја дадат на „Бернард Шуми Архитектс“, со цел да наметнат прозападна визија на еден културен центар од ваков тип во Кина.

„Ние го дизајниравме истражувачкиот центар, за да се поврзе со богатата индустриска историја на оваа област, место на производство и истражување кое содржи голем потенцијал за една од најважните економии на светот“, појаснил наградуваниот швајцарско-француски архитект Бернард Шуми.

Зградата ќе содржи галерии и простори за културни настани и изложби заедно со канцелариски простор, ресторани и продавници. Четирите други културни згради – Binhai Modern Art Musum, Центарот за изведувачки уметности Binhai, Центарот за јавна активност Binhai и Библиотеката Binhai – се дизајнирани од познати фирми, вклучувајќи Revery Architecture, HH Design и MVRDV.

muzej-odzak7

Сите објекти на „Истражувачот“ (Exploratorium) се позиционирани во и околу гигантските конусни структури, кои излегуваат од ѕидовите и над покривот. Шуми го дизајнираше музејот „како зграда за минатото, сегашноста и иднината на Тијанџин“, ​​опишува архитектот. Замислен како серија од седум конусни цилиндри, уникатната структура се однесува на богата индустриска историја во регионот, создава големи простори низ музејот и обезбедува дури и природна светлина во текот на целата година.

Тие се завиткани од фасада со бакарна боја, изработена од перфорирани алуминиумски панели. Според архитектот Шуми, тоа е со цел, да ѝ дадат на зградата „обединето присуство“, истовремено помагајќи ѝ да ја намали топлината.

Фокусно, највисоката точка на зградата е големото лоби и околната спирална рампа која им овозможува на посетителите да кружат низ изложбените сали и да се движат низ карактеристичните прозорци на фасадата. Овде е позиционирана огромна ракета, која го исполнува просторот, како спектакуларен сегмент на централниот дел. Тоа на некој начин ја прикажува Кина како нова вселенска сила, откако успеа да ја освои Месечината, а планира да го освои и Марс.

muzej-odzak4

„Тијанџин Бинхај Екстраториум“ е музеј кој ќе се приклучи на футуристичката библиотека на MVRDV како една од петте главни атракции во растечкиот рекреативен регион во северниот дел на кинескиот град Тијанџин.

Истражувачот ќе ги прослави историските и современите индустриски достигнувања на регионот преку употреба на најсовремена, интерактивна технологија како VR (виртуелна реалност). Се смета за родно место на кинеската индустриска револуција, а изложбите ќе ја истражат улогата на градот како центар за производство и истражување пред сè на вселената, но и на широка урбанизација на овој дел на Кина. Покрај тоа, проектот ќе содржи објекти за настани, како и галерии, канцеларии, ресторани и малопродажба.

muzej-odzak6

Како што напоменавме, централен дел на проектот е новата библиотека во која ќе се сместат 1.2 милиони книги, а нејзиниот дизајн е совршенство! Но, за неа… во некоја друга прилика.

muzej-odzak13

Испрати коментар

Scroll To Top